Радио Кочани
Кочани

На 15 септември во Мултикултурниот центар – концерт на Ивана Мазнејкова

121

Денеска со почеток во 19 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, под наслов

„200 години Цезар Франк“, концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова.

Мазнејкова е ученичка во четврта година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. Славчо Величков.

Активен учесник е на мастеркласови на професори и познати пијанисти од Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Бугарија…

Ивана Мазнејкова е редовен учесник на европски натпревари на млади пијанисти и досега има освоено 42 први и специјални награди ширум Европа.

Може ќе ви се допадне
Напиши коментар

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе