Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ТППЕ Кочани го отстапи ФАП-возилото на користење на КЈП „Водовод“
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани го отстапи ФАП-возилото на користење на КЈП „Водовод“ Кочани, кое беше ангажирано за миење на градските улици.
Во текот на синоќешните часови, екипи на КЈП „Водовод“, во координација со Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани, извршија миење на повеќе улици во градот. Активноста е реализирана со цел освежување на сообраќајниците и подобрување на хигиената на јавните површини.
Од ТППЕ Кочани информираат дека ФАП-возилото е ставено на располагање на јавното претпријатие за потребите на ваквите активности.
