Радио Кочани
Кочани

В среда стартува Петровденскиот турнир во мал фудбал во Кочани

97

В среда, 1 јули, со почеток во  19 часот, на теренот во Основното училиште „Никола Карев“ ќе започне  овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.

Турнирот ќе го отворат екипите „Амфенол“ и „Ауто Велт“, а од 20 часот ќе се сретнат „Булевард кафе“ и „Аминта“.

Натпреварите ќе се играат според правилата за футсал, а доколку временските услови не дозволат игра на отворено, средбите ќе се префрлат во спортската сала „Кочански ангели“. Предвидено е секој ден да се играат по два натпревара, а вкупно пријавени се 10 екипи.

Настанот традиционално го организира Локалната самупрва на Кочани, а го реализира ОФС – Кочани.

Финалниот натпревар ќе се одигра на празникот Петровден, 12 јули, со почеток во 20 часот.

Најдобрите три екипи ќе добијат парични награди од 60, 30 и 15 илјади денари, а ќе бидат прогласени и најдобар играч, стрелец и голман на турнирот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio