Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Институт за јавно здравје: Здравствени препораки за заштита при топло време
1. Избегнувајте директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
2. Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод.
3. Останете во затворени и климатизирани простории.
4. При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
5. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
6. Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.
7. Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед. Најдобар избор е водата за пиење, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци. Избегнувајте алкохолнипијалаци, пијалаци што содржат кофеин и многу ладни пијалаци.
8. Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многужешки. Не оставајте никого во возилото!
9. Туширајте се со млака вода по потреба. За дополнително разладување, ставајте ладни облоги или потопете ги стапалата во ладна вода.
10. Лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Институт за јавно здравје
