Радио Кочани
Кочани

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ повикува на акција за уредување и расчистување на зеленилото околу АСНОМ

1,164

Советничката група „ДОСТА БЕШЕ“ при Советот на Општина Кочани упати јавен повик до сите граѓани и здруженијата да се приклучат на акцијата за расчистување и уредување на зеленилото околу Спомен домот АСНОМ.

Акцијата ќе се одржи утре,  петок, 12 јуни, со почеток во 18:00 часот. Збирното место е пред музичкото училиште „Ристо Јуруков“

Од советничката група информираат дека на учесниците им се потребни само ракавици, долг долен дел од облека и желба за работа и дружење.

Да покажеме дека заедно можеме повеќе“, порачуваат од „ДОСТА БЕШЕ“, повикувајќи ги граѓаните заеднички да придонесат за почиста и поуредена животна средина.

Акцијата е отворена за сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во уредувањето на заедничките зелени површини.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio