Радио Кочани
Кочани

В сабота Кочани ќе биде домаќин на првиот „Women Power Cup 2026“

147

Кочани в сабота, 13 јуни, ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со одржувањето на првото издание на „Women Power Cup 2026“.

Настанот ќе се одржи во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“, а ќе обедини учесници и посетители од повеќе од десет градови од државата.

Програмата започнува во 17 часот и ќе трае до полноќ, нудејќи содржини за сите генерации.

Во рамки на настанот ќе се одржи женски баскет 3х3 турнир, фитнес натпреварување, активности и забава за најмладите, како и штандови со храна и пијалоци.

За добрата атмосфера ќе се погрижи и музичката програма со DJ сетови и забавни содржини во текот на вечерта.

Целта на „Women Power Cup 2026“ е промоција на физичката активност, здравиот начин на живот и женскиот спорт, но и создавање простор за дружење, позитивна енергија и заедничко уживање на граѓаните.

Организаторите ги покануваат сите жители на Кочани и околните градови да бидат дел од овој уникатен спортско-забавен настан и заедно да испратат силна порака за спортот, здравјето и женската моќ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
Kocani Radio