Радио Кочани
Кочани

Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

404

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час.

Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август.

Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога има зголемена посетеност на угостителските објекти, особено во текот на летните месеци кога граѓаните повеќе време поминуваат на отворено и во вечерните часови.

Покрај летниот период, продолженото работно време се применува и во зимскиот период, од 25 декември до 15 февруари, кога угостителите исто така можат да работат еден час подолго од вообичаеното.

Од надлежните институции потсетуваат дека угостителските објекти и понатаму се должни да ги почитуваат прописите поврзани со јавниот ред и мир, како и дозволените нивоа на бучава.

Граѓаните кои ќе забележат прекумерна бучава по дозволеното работно време можат да ја пријават до овластениот инспектор за животна средина во својата општина, кој е надлежен да постапува по ваквите пријави.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio