Радио Кочани
Кочани

„Осогово“ утре домаќин на меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“

151

ГФК „Осогово“ утре, 24 мај  (недела), на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе го организира меморијалниот турнир „Драганица Куп 2026“ во категоријата пионери.

Покрај домаќинот „Осогово“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на „Борец“ од Велес, „Слога“ од Виница и „Саса“ од Македонска Каменица, а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат интересни и возбудливи натпревари меѓу младите надежи.

Свеченото отворање на турнирот е предвидено за 09:30 часот.

Од клубот ги повикуваат сите симпатизери и љубители на „жолто-сините“ да присуствуваат на турнирот и да дадат поддршка на пионерската екипа на „Осогово“, која утре и официјално ќе го добие пехарот за освоеното прво место во Источната пионерска лига за сезоната 2025/2026.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio