Радио Кочани
Кочани

„Осогово“ со 54 бода и директен опстанок ја заокружи успешната сезоната 2025/26

222

ГФК „Осогово“ денеска го одигра последниот натпревар во рамки на 30. коло од Втората македонска фудбалска лига, со што официјално беше спуштена завесата на успешната натпреварувачка сезона за „жолто-сините“.

Во последниот меч од сезоната, жетварите одигра нерешено 3-3 против екипата на „Новаци“, во дуел исполнет со голови и возбудувања.

Кочанскиот второлигаш сезоната ја заврши на одличното 6. место меѓу 16 екипи, освојувајќи вкупно 54 бода, со реализација од 60 проценти.

Тимот во есенскиот дел освои 24 бода, додека во пролетниот дел беше уште поуспешен со 30 освоени бодови.

„Осогово“ зад себе има сезона со:

  • 16 победи во 30 натпревари,
  • 53 постигнати голови,
  • просек од 1,8 гола по натпревар,
  • и позитивна гол-разлика од +26.

Со ваквите резултати, „Осогово“ обезбеди директен опстанок и следната сезона повторно ќе биде дел од Втората македонска фудбалска лига.

Шампион во ВМФЛ оваа сезона е  „Брегалница“ –  Штип, која од наредната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio