Радио Кочани
Кочани

Свежо цвеќе и почит за сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

156

 

Во рамките на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, денеска пред споменикот на големите учители во дворот на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ беше положено свежо цвеќе.

 

 

Почит кон рамноапостолите и основоположниците на словенската писменост оддадоа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев, како и повеќе општински делегации, претставници на јавниот и општествениот живот, наставниот кадар и првачињата.

 

Пред споменикот, присутните изразија длабока благодарност за епохалното дело на сесловенските просветители, кои со создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, ги отворија вратите на описменувањето и културниот развој на словенските народи.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio