Радио Кочани
Кочани

ЦК ,,Бели мугри” кани на концерт – вечер исполнета со звук, емоција и уметност со „Квартет саксофони“

134

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе се одржи концертот „Квартет саксофони“. Настапатуваат Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев.

-Уникатен музички настан  на кој четири саксофони ќе создадат магична атмосфера низ познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции.Подгответе се за вечер исполнета со моќен звук, елегантна атмосфера, музика што допира до душата, најавува организаторот и домаќин на овој музички настан, ЦК„Бели мугри“.

Кавраков, Деспотова и Темелков се од Штип, Дамчев е од Кавадарци. Сите се со завршена музичка академија на различни универзитети.

Концертот ќе се одржи восалонот „Фоаје 2“ на Националната установа од Кочани.

Проектот е дел од годишната програма на „Бели мугри“, под покровителство на Министерството за култура и туризам.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio