Радио Кочани
Кочани

За Меѓународниот ден на музеите учениците од Блатец го посетија археолошкиот локалитет Русалински гробишта

166

По повод 18 Мај – Меѓународен ден на музеите, учениците од петто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Блатец стекнаа несекојдневно и едукативно искуство, посетувајќи го археолошкиот локалитет Русалински гробишта во село Виничка Кршла, каде што непосредно присуствуваа и симболично учествуваа во археолошко ископување.

-Оваа теренска посета беше реализирана со цел учениците одблиску да се запознаат со значењето на археологијата, културното наследство и зачувувањето на историските вредности. На локалитетот, стручната екипа од Музеј „Теракота“ во текот на месеците април и мај активно вршеше археолошки истражувања и ископувања, при што учениците имаа можност директно да го следат процесот на работа на археолозите, велат од музејот од Виница.

Низ интересно и интерактивно дружење, учениците научиле како се врши археолошко ископување, на кој начин се откриваат и документираат пронајдените предмети, како и тоа колку е важна прецизноста и трпеливоста во работата на археолозите. Стручните лица им објасниле дека секој откриен артефакт претставува значаен дел од минатото и непроценлив извор на информации за животот, традицијата и културата на луѓето кои живееле на овие простори во минатото.

-Особен интерес кај учениците предизвикаа самите археолошки наоди и можноста одблиску да ги видат алатките и методите што се користат при истражувањата. Тие со големо внимание ги следеа објаснувањата на археолозите, поставуваа прашања и покажаа искрена љубопитност и восхит кон оваа значајна научна дејност, соопштуваат од Музејот „Теракота“.

Посетата поминал во пријатна и работна атмосфера, исполнета со нови сознанија, дружење и практично учење. За учениците, според стручните луже на виничкиотмузеј,  ова претставувало незаборавно искуство преку кое не само што се  стекнати нови знаења, туку и се развива поголема свест за значењето на зачувувањето на културното и историското наследство.

-Со ваквите активности нашиот музеј и училиштето ги поттикнуваат учениците кон истражување, учење преку непосредно искуство и развивање љубов кон историјата, културата и науката, се наведува во денеска објавеното соопштението од Музејот „Теракота“ од Виница .

 

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio