Радио Кочани
Кочани

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

1,107

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026.

В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето.

Матурантите ќе влезат од задниот дел на објектот, а симболично ќе излезат од предната страна, означувајќи го преминот кон ново животно поглавје. Вечерта ќе продолжи со матурска прослава во ресторанот „Амор“.

Празничната атмосфера продолжува и во вторник со матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“.

Последниот класен час е закажан за 18 часот, по што генерацијата ќе продефилира низ училишниот двор.

Во 19 часот свеченото дефиле ќе продолжи во Паркот на Револуцијата, каде традиционално ќе биде прогласен и ученикот на генерацијата.

Заокружувањето на средношколските денови за учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ е резервирано за ресторанот „Аледар“, каде од 20 часот ќе започне матурската вечер исполнета со музика, емоции и незаборавни спомени.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio