Радио Кочани
Кочани

В недела ќе биде осветен манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

926

Во Кочани, в недела, 17 мај  ќе се одржи свечено осветување на манастирот  „Св. Димитриј“, со почеток во 08:00 часот.

Чинот на осветување и Светата архиерејска литургија ќе ги предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со свештенослушителите од кочанското архиерејско намесништво.

Од манастирот упатуваат покана до верниците да присуствуваат на овој значаен духовен настан, кој, како што посочуваат организаторите, претставува посебна радост и благослов за православните верници во регионот.

Нека овој свет манастир биде духовно огниште, место на покајание, молитва, мир и спасение, се наведува во соопштението.

Се очекува на настанот да присуствуваат голем број верници од Кочани и регионов.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio