Радио Кочани
Кочани

56-годишник од Кочани загина во сообраќајка во пробиштипско

5,305

56-годишник од Кочани загина во сообраќајка во пробиштипско…

– На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во село Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, информираа од МВР во дневниот билтен.

 

Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio