Радио Кочани
Кочани

Промоција на „Сите бои на виножитото“ – книга посветена на Киро Герасимов

76

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани  попладнево ќе биде промовирана книгата „Сите бои на виножитото“ посветена на Киро Герасимов – новинар, публицист, хроничар кому во епицентарот на сето она што го работел му е Кочани, луѓето од градот, занаетите, театарот, Доклевец (маалото во кое живееше)…

Автори на оваа публикација се Славица Цветкова, роднокрајна писателка и внуката на Герасимов – Розета Д.Петрова.

Според Цветкова, во „Сите бои на виножитото“ е поместен животниот пат на Киро Герасимов, кој беше синоним за МРТ и новинарството во регионов, и неговото творештво, бидејќи тој има потпишано осумдесетина публикации.

Промоцијата е закажана за денеска во 17,30 часот. Издавач е Печатницата „Европа 92“, а рецензент м-р Љупка Стојменова. Улогата на модератор на настанот ќе ја има Верица Пауновска Дамеска.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio