Радио Кочани
Кочани

Оризопроизводителите од Грдовци годинава ќе сеат помалку ориз – започнаа подготовките за новата сезона

5,141

Годинава оризопроизводителите од селото Грдовци ќе сеат помалку ориз затоа што цените на ѓубривата се зголемени, а и оризот од минатат година се уште им стои во амбарите.

Инаку, Владата донесе мерки за ограничување на цените на ѓубривата, со цел заштита на земјоделците и стабилизирање на пазарот.

Според одлуката, неорганските ѓубрива ќе може да се продаваат со најмногу 5 проценти трговска маржа, додека кај органските, органоминералните и биостимулаторите маржата е ограничена на 10 проценти.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека досегашните анализи покажале значително повисоки маржи – од 15 до 60 проценти, а кај дел од производите и до 70 проценти.
Дополнително, трговците кои имаат залихи набавени по стари цени се обврзани веднаш да ги намалат продажните цени за 10 проценти.
Мерките стапуваат на сила веднаш и ќе важат до крајот на мај. Надлежните велат дека одлуката е донесена по засилени контроли и разговори со увозниците, откако биле забележани нови поскапувања.
Целта е да се обезбеди доволна понуда и да се спречи неоправдан раст на цените, во услови на глобална криза на пазарот со ѓубрива.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio