Радио Кочани
Кочани

Во Кочани вечерва хуманитарен настап на балетската група „Ballet Magnificat“ од САД

332

Вечерва во Кочани ќе настапи „Ballet Magnificat“, професионална балетска група од градот Џексон, Мисисипи, САД, со хуманитарен концерт за помош на жртвите од пожарот во „Пулс“.

Балетската претстава што  ќе биде одиграна на  сцената во ЦК „Бели мугри“, претставува приказна базирана на книгата  „Писмата на душевадникот“ од Клајв Луис.

„Ballet Magnificat“  го сочинуваат 15 членови. Директор на групата е Џереми Браун.

-Постоиме од 1986  година, досега имаме настапуваново во 45 држави. Во Македонија сме по четврти пат.  Во Кочани доаѓаме за прв пат, изјави за Радио Кочани  директорот на балетската група од Џексон, Џереми Браун.

Тој, во краткиот разговор што го водевме, нагласи дека се овде за да дадат свој придонес во сеопштите активности за помош и подршка  на Кочани и настраданите во нивното заздравување.

За оваа балетска претстава на „Ballet Magnificat“ од САД е поставена посебна подлога на сцената во кочанската Национална установа ЦК „Бели мугри“. Претставата започнува во 19 часот.

„Ballet Magnificat“ во нашата држава ги води Здружението на граѓани „Сакај го  Кочани“. Балетската група од САД кај нас месецов имаше два настапи со хуманитарен предзнак – на 17 април во МКЦ во Скопје  и на 20 – ти во ЦК „Ацо Шопов“ во Штип.

 

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio