Радио Кочани
Кочани

Кочанската полиција лишила од слобода две лица поради поседување марихуана….

733

На 15.04.2026 во 20:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 21-годишната Н.А. од Кавадарци и Б.В.(47) од Кочани.

При претрс во домот во кој привремено престојува Н.А., извршен со наредба на Основен суд Кочани, а во кој бил затекнат и Б.В., пронајдени се и одземени  марихуана, бела прашкаста материја, кафеава материја и предмети со остатоци од мариахуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така на 15.04.2026 во 12:45  часот на ул.„Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.Н.(30) од с.Бујковци, општина Илинден. При сообраќајна контрола сопрен е мотоцикл, кој го управувал, и по извршени проверки е констатирано дека го управува без претходно да има положено возачки испит. По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio