Радио Кочани
Кочани

На 17 април (петок) во 19 часот во ЦК „Бели мугри“ проекција на филмот „Приказната за Силјан“

117

Со особена чест и задоволство, Ве поканувам на првата филмска проекција со нова кино опрема, која беше набавена од донираните финансиски средства од минатата година од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Со „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, снимен во околината на Кочани, Центарот за култура „ Бели мугри“ ќе ја означи новата сезона на филмски проекции со современа кино опрема.

Првата проекција е со хуманитарен предзнак. Собраните средства ќе бидат наменети за повредените од минатогодишната трагедија на кои им е потребна долгорочна подршка.

Проекцијата на филмот е закажана за 17.04.2026 година, во 19 часот.

Билети може да се купат на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари.

Однапред Ви благодарам за Вашето присуство и медиумската подршка за Центарот за култура..

В.д. директор на „Бели мугри“,  Габриела Стефановска, информира дека свое присуство на премиерната проекција на „Приказната за Силјан“ најавиле претставници на Министерствотоза култура и туризам, претставници на донаторот – Агенцијата за електронски комуникации.  Присутна ќе биде режисерката Тамара Котевска, еден од продуцентите – Јорданчо Петковски, претставници на Агенцијата за филм и Кинотека на Македонија и секако, главниот „актер“, кој е од Облешево со дел од екипата што го сними филмот

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio