Радио Кочани
Кочани

Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани

160

Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на Револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на први април, Денот на шегата.

Муви, цветови, пчели, пеперутки, преинцези и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани.

Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели мугри“, а  со ритмички точки се претставија дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ , учениците од одделенска настава од сите основни училиштата.

Поздравен говор имаше претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов.

Целта на манифестацијата беше постигната и годинава, а потврда за тоа беше преполниот парк во Кочани.

Организатор на традиционалната „Априлијада“ е Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, со средства од Програмата за поддршка на образованието.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio