Радио Кочани
Кочани

Ресторан и апартмани „Тропик“ – Пехчево – Вкусете ја оваа убавина

5,300

Хотел и ресторан „Тропик“ – Пехчево започнува со работа пред повеќе од 30 години и со гордост го носи епитетот за еден од најубавите и најпосетените угостителски објекти во Источна Македонија.

Неговата необична градба распослана низ богатиот пејзаж е синоним и врска помеѓу традиционализмот и магичниот сплет од стилски ентериер, декорација и амбиентално осветлување.

Објектот располага со триесетина легла во удобни и стилски хотелски соби, кои обезбедуваат релаксирачко искуство.

Секоја соба е дизајнирана со внимание на деталите, комбинирајќи ги модерните удобности, со шармот на традиционалната македонска архитектура.

Овде можете мирно да се повлечете, далеку од вревата и забрзаноста на секојдневниот живот. Секој детал раскажува приказна, а секое утро мириса на свеж воздух и спокој.

Овде времето тече побавно, а одморот е вистински.

Во ресторан „Тропик“ почестете се со традиционалната македонска кујна, со вкусна домашна храна и пијалоци од самото поднебје.

Го чувствувате ли мирисот? Мирис што повикува, вкус што се памети!

Топла сочна пастрмајлија крцкава однадвор – мека одвнатре.

Свежа пастрмка внимателно подготвена, со вкус кој останува.

Дојдете гладни и заминете со насмевка. Почувствувајте го гостопримството од срце и уживајте во вкусовите кои се пренесуваат низ генерации. И најважно од сѐ, цените се ниски и пристапни за секого.

„Тропик“, многу вкус – мала цена!

Дојди пробај и врати се пак!

Резервирајте  на: 072/224-256

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio