Радио Кочани
Кочани

Активности за подобрување на јавното осветлување во Кочани

140

Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот.

По две децении, целосно се заменети и столбовите за осветлување на кејот на Кочанска Река, на улицата „Лазар Андонов“. На оваа локација е поставено современо осветлување кое користи сончева енергија, што придонесува за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Претходно поставената опрема за осветлување со обновлив извор на енергија беше предмет на вандализам и целосно беше уништена.

Кочани важи за водечка општина во начинот на штедливо јавно осветлување. Пред десетина години беше воведено јавно осветлување по најсовремена технологија, со ЛЕД-светилки, што овозможува заштеди и на електричната енергија и на одржувањето. Во 2023 година беа надградени постојните улични кабинети преку кои се вклучува група светилки со паметна и енергетска опрема, заради подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување, заштеда и за поефикасно искористување на електричната енергија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio