Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во салонот „Фоаје 2“ на спратот во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзинио магистерски труд.
Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична, но и универзална потреба за надеж – како чин на отпор и како искра на исцелување“.

Изложените слики во „Фоајето 2“ на „Бели мугри“ уметничката ги има направено во исти димензии и форма, на платно, во комбинација со акрил и масло. На сликите доминира светлата боја, доста застапени се и нијансите на морето.

Куратор на изложбата беше Јасминка Намичева, кусто советник, а свои моменти на свеченото отворање имаше и актерот Драган Спасов – Дац.

Кочанските љубители на ликовната уметност изложбата на Ана Митевска ќе можат да ја посетат во наредните две недели.

