Радио Кочани
Кочани

Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница вечерва проекција на филмот „Уште една игра“

112

Во кино салата на ДК „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе се одржи проекцијата на филмот „Уште една игра“ (One More Game)на режисерот Ник Јансен.

Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од

Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината

Музика за филмот ја има напишано Кирил Џајковски. Настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска, Александра Пашевска, Марија Јанчевска, Марјан Наумов , Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек и Петар Манич.

Проекцијата започнува во 19 часот, влезницата чини100 денари.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio