Радио Кочани
Кочани

Претседателката Сиљановска – Давкова на Меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“

254

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, цели час и половина остана во салонот на ЦК„ Бели мугри“ во Кочани,  каде беа изложени предмети и фотографии од сите 63 починати во дискотеката „Пулс“.

Се потпиша и за секој поединчено напиша порака во малите тефтерчиња пред фотографиите и предметите на починатите, поставени таму како „мали книги на жалост“. Кога започна да пишува во тефтерчињата, салонот беше  полн, кога заврши – беше празен.

Станува зборза настан, кој во програмата за одбележување на годишнината од кочанската трагедија е  насловен како Меморијал „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.

Откако заврши со пишувањето во минијатурните „книги на жалост“ , претседателката Сиљановска Давкова   се сретна и разговараше и со авторката на книгара „Ќе те има“, Марина Стојчевска. Оваа книга беше промовирана претходната вечер.

Сето ова се случуваше на 16. март во попладневните часови во ЦК „Бели мугри“ откако претходно во големата сала на Националната установа заврши комеморацијата посветена на починатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio