Радио Кочани
Кочани

ОВР Кочани ги повикува повредените и семејствата на загинатите од пожарот во Кабаре „Пулс“ за подигнување на личните предмети

766

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

 

Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица.

Предметите вклучуваат мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio