Радио Кочани
Кочани

Почна со работа новиот состав на Советот на Општина Виница

355

Со конститутивна седница и верификација на мандатите, денес во Виница официјално започна со работа новиот состав на Општинскиот совет. Од вкупно петнаесет советници, мандатите им беа потврдени на четиринаесет, додека еден ќе биде разгледан дополнително на наредната седница.

За претседател на Советот едногласно беше избран Гоце Василев, претставник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во своето прво обраќање, Василев најави дека ќе работи посветено и транспарентно, со цел да се унапреди квалитетот на живот во општината и да се поттикне конструктивна соработка меѓу сите советници.

Советот треба да биде пример за одговорност и работа во интерес на граѓаните. Верувам дека заедно можеме да носиме решенија кои ќе значат подобра иднина за Виница, истакна новоизбраниот претседател.

И од опозициската советничка група пристигна поддршка за изборот, со порака дека ќе следи партнерски пристап и отворен дијалог, сè додека работата на Советот се одвива непристрасно и без политички влијанија.

Со конституирањето на новиот состав, Општина Виница влегува во нов четиригодишен мандат на локалното законодавно тело, кое ќе има клучна улога во развојот на локалните политики и проектите од јавен интерес.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio