Радио Кочани
Кочани

Амфенол вработува ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ – TEL-AD

333

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место

 

ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ – TEL-AD

 

Одговорности и задачи:

Преземање одговорност за воспоставување и одржување на квалитетот на процесот на дојдовна инспекција, во согласност со законските прописи и внатрешните стандарди

Воспоставување и одржување на процедури поврзани со проверка и обезбедување на квалитет на директните материјали купени од добавувачот

Активно наоѓање и предлагање подобрувања во процесите и системите за квалитет

Анализа на рекламации поврзани со добавувач

Подготовка и изработка на 8D извештај спрема методологија

Следење на статусот на блокиран материјал од добавувач и евидентирање на физичката залиха во документација

Одржување на комуникација со добавувачи со цел да се обезбеди квалитет на директните материјали

Известување за грешки од добавувач веднаш до соодветните сектори и блокирање на производи ако е потребно

Класификација на сомнителниот материјал и производи

Собирање на потребните податоци и архивирање на потребната документација

Ефикасна и фер соработка со останатите сектори

Исполнување на секојдневно поставените цели и задачи според дадените упатства и процедури запазувајќи го квалитетот на изработка

Да се обезбеди бараниот квалитет и набавка на производите, без рекламации

Примање и пренесување нови знаења, за себе и за ново вработените

Потребни квалификации:

Завршено високо образование

2 годишно работно искуство

Одлично познавање на работа со компјутер

Статистички методи за обработка на податоци

Англиски јазик

Одлични комуникациски вештини

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 18.11.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси, со назнака: ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ – TEL-AD

 

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio