Радио Кочани
Кочани

„Љубов за сите“ со Јулија: Дојдете заедно да ја споделиме болката и тагата за чедата кои заминаа во вечноста

311
Во малата сала на ЦК „Бели мугри“ во Кочани на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот  ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска.
На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание,  ќе бидат изложени дела од 3 циклуси: „Живот во бои“,  „Женски Приказни“ и „Шарени вибрации – Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“.

Централното место на ово настан од културата го има промоцијата на автобиографското дело „ Јас сум жива“ на Андријана Мациев и на нејзината мајка Јулија Мациевска, која ја има улогата на коавтор.

Книгата е разголување на сопствената душа до болка и живо сведоштво за животот на земјата и животот од другата димензија после преминот.
Мациевска ја повкува публиката во Кочани да дојде на овој настан во „Бели мугри“ и заедно со неа да ги споделат болката и тагата за чедата кои заминаа во Вечноста, заедно да ја разберат радосната вест дека тие се живи ангели“.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio