Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Октомври повторно го носи белегот на индустрискиот гигант „Амфенол Технолоџи Македонија“, кој годинава одбележува дванесет години успешна работа и постојан развој.
Компанијата континуирано го зголемува бројот на вработени и вложува во модернизација, автоматизација и дигитални решенија, што ја прави препознатлива не само во регионот, туку и на европскиот пазар.
По тој повод денеска во кругот на компанијата се реализираше пригодна свеченост, посветена на вработените и нивните семејства.
За најмалите имаше детско катче со забавни реквизити, како и маскоти од омилените цртани ликови.
Исто така, денеска на спорските терени во ОУ „Никола Карев“ беше одигран меѓународниот фудбалски турнир со братските компании од Чешка, Словачка и Германија.
Во моментов, повеќе од 3.220 луѓе се дел од големото семејство на „Амфенол“, а бројката секојдневно расте.
Новите технологии и роботизираните системи овозможуваат прецизност и ефикасност, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен за успехот на компанијата.
Генералниот менаџер Сашко Наков истакна дека е горд на постигнатите резултати и тимот што стои зад него.
Прославата продолжува и в понеделник, кога ќе биде пуштена во употреба новата хала веднаш до постоечките единици.
Истиот ден ќе биде поставен и камен темелник на новата зградата при што градежните работи треба да завршат до средината на наредната година.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне
