Радио Кочани
Кочани

Фестивал на непрофесионален филм – Две награди за остварувања во продукција на етнокореолошката дејност на Домот на културата од Гевгелија

118

Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под  покровителство на Општина Гевгелија,  се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ 2025 што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков, а втората е главната или Гранд при награда за филмската адаптација насловена „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“, доделена  од страна на стручно жири од Кино сојузот на Македонија.

Наградената филмската адаптација насловена „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“, истовремено е номинирана следната 2026 година да учествува на Меѓународниот фестивал за аматерски филм УНИКА во Логано – Швајцарија.

Организатори на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ 2025 беа Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Улогата на подржувачи ја имаа Агенција за филм и Општина Виница а, домаќин беше Дом на култура „Тошо Арсов“.

На фестивалот беа пријавени вкупно 41 аматерски филм во повеќе категории: Документарен филм, Краток игран филм, Експериментален филм, Анимиран – цртан филм и Едноминутен филм. Од нив 12 се наградени со златни, сребрени плакети и главната награда замина кај гевгеличани.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio