Радио Кочани
Кочани

До 11 часот во Кочани излезеноста изнесува 9, 91 %, споредено со Парламентарните избори лани, гласале 1585 избирачи помалку

540

До 11 часот на Локалните избори што се одржуваат денеска, во Општина Кочани своето избирачко право го искористиле 3215 граѓани од вкупно запишаните во Избирачкиотсписок 32 446 . Односно излезеноста изнесува 9, 91 %. Податоците се добиени од Општинската изборна комисија.

Доколку овие Локални се споредат со Парламентарните избори што се одржаа минатата година, што се однесува до Кочани, ќе се утврди дека сега излезеноста е значително помала. До 11 часот на Паламентарните избори во 2024- та  гласале 4 800 избирачи, додека сега, таа бројка изнесува 3215. Споредено парламентарни – локални,  во Кочани до 11 часот, денеска гласачкото  право го искористиле 1 585 избирачи помалку.

Според податоците од ОИК изборите се одвиваат во мирна и коректна атмосфера, без никакви нарушувања на изборниот процес.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio