Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135
Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица.
Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома.
Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право, додека четворица не гласале.
Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, информираше дека гласањето се спроведе согласно изборните прописи и здравствените протоколи.

Изборниот ден во Кочани, утре ќе се одвива на 63 избирачки места, распоредени на 59 локации.
За избирачките места со помалку од десет запишани гласачи, гласањето ќе се реализира во најблиските соседни места.
Граѓаните избираат меѓу шест кандидати за градоначалник и девет листи за Општинскиот совет, а право на глас имаа 32.446 лица.
Гласањето утре, недела, ќе се одвива во стандардниот термин – од 07:00 до 19:00 часот.
На денот на изборите, граѓаните имаат можност да пријават евентуални нерегуларности или повреди на избирачкото право преку бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител – 0800 54321.
