Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Грозданов: Со 100 милиони евра инвестиции Кочани ќе прерасне во центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и достоинствен живот
– Само за Кочани и регионот ќе обезбедиме дополнителни 100 милиони евра – средства што ќе се вложат исклучиво во инфраструктура и капитални проекти. Ова не се празни ветувања – веќе се работи со меѓународни партнери за реализација на овие инвестиции, надвор од редовните буџетски трансфери.
Целта е Кочани да стане центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и услови за достоинствен живот, соопшти Грозданов

Дел од најавените 100 милиони ќе бидат искористени за реновирање и модернизирање на болницата во Кочани, ќе има нови одделенија, современа опрема и подобри услови за медицинскиот персонал. Грозданов вети и затворен базен, нови спортски сали, нова патна, комунална и урбана инфраструктура.

