Денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ќе се одржи педесетиот Детскио поетски фестивал „Мајски цвет“.
Ова јубилејно издание на фестивалот е посветено на осумдесет годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што е тема на на која твореле учесниците по претходно распишан поетски конкурс.
Настанот започнува во 12 часот. Учествуваат ученици од училишта од Кочани и од други општини во регионот.
Програмата на 50. издание на ДПФ „Мајски цвет“ предвидува и ликовна работилница за декоративно пишување што ќе се реализира во соработка со Училиштето за цртање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе