Радио Кочани
Кочани

Андов на прес – Дигитализацијата значи подобри услуги за граѓаните и крај на корупцијата

258

Почитувани сограѓани и медиуми денес сакаме да најавиме нов транспаретен начин на работата во Општина Кочани.

Воведуваме и започнуваме со проект за дигитализација на услугите кои потикнуваат корупција или сомнеж за корупција „Дигитална општина значи подобри услуги и крај на сомнежите и потенцијалната корупција!

Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Кочани ќе значи и изградба на транспарентна, ефикасна и дигитална општина, во која секој граѓанин ќе има еднаков пристап до услугите без посредници, без влијанија и без скриени договори.

Преку дигитализација на
администрагивните процеси, ја намалуваме можноста за човечки фактор во одлучувањето, ги скратуваме процедурите и обезбедуваме целосна евиденција и контрола на секоја постапка.

Тоа значи дека секој граѓанин ќе може брзо,транспарентно и без притисок да ги добие услугите што му следуваат.

Корупцијата се храни со сомнежи, недоверба и зависност,ние со дигитализацијата ги заменуваме со транспарентност, отчетност и доверба.

Ова не е само технички процес, туку вредносна промена во начинот на работење на кноста за општината.

Нашата визија е јасна; општина која им служи на граѓаните, а не обратно.

Со дигитализацијата, чекор по чекор, градиме систем каде што секојграѓанин ќе има фер можност и еднаков третман.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio