Радио Кочани
Кочани

Фер избори во Кочани – кандидатите го потпишаа кодексот

2,349

Шесте кандидати за градоначалник на Општина Кочани – Зоран Тодоров, Венко Крстевски, Владко Грозданов, Игор Христов, а во отсуство на  Жаклина Филипова Свеќаровска и Даниел Глигоров – денеска беше потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Потпишувањето се одржа во просториите на општинската зграда, во организација на Општинската изборна комисија.

Со овој чин, кандидатите се обврзаа дека ќе водат коректна изборна кампања, во духот на демократските вредности и со почитување на политичките противници.

Во продолжение е изјавата на претседателката на ОИК – Кочани, Билјана Димовска Гичева.

Целта на кодексот е да се обезбеди мирна и фер изборна атмосфера, без инциденти, притисоци врз гласачите, говор на омраза или злоупотреба на јавни ресурси.

Кампањата официјално започнува в понеделник,  29 септември.

Гласањето ќе се одржи на 19 октомври, а евентуалниот втор круг е закажан за 2 ноември.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio