Радио Кочани
Кочани

Трето место за екипата на Црвен крст Кочани на Државниот натпревар по прва помош во Гостивар

346
Екипата по прва помош на Црвен крст  Македонија – Општинска организација Кочани освои пехар за 3-то место на 31. Државен натпревар на екипи по прва помош што денес се одржа во Гостивар.
Младите демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди.
На натпреварувањето учествуваа 10 екипи од различни градови, кои се покажаа како најдобри на регионално ниво.
Настанот го организираше Црвениот крст на Македонија и техничка организација на Црвен крст Гостивар.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio