Радио Кочани
Кочани

Зоран Николов од ПСК „Осогово“ на највисокиот врв во Европа – го искачи Елбрус

152

Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 мнв), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија. Ова го соопштува Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.

  • Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, нагласуваат од кочанскиот ПСК „Осогово“.

На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитет со висок ритам  во планинарењето.

Претходно,  тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio