Радио Кочани
Кочани

Сообраќајна несреќа со смртни последици во Виница – жртва 72 годишно лице од Пробиштип

5,292

На 13.09.2025 околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки.

По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и јавен обвинител, по чија наредба околу 20:10 часот возачот С.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio