Радио Кочани
Кочани

Кочани има и шести кандидат за градоначалник од партијата ,,Единствена Македонија”, Радио Кочани зборуваше со претседателката на ОИК – Кочани, Билјана Димовска Гичева

617

Вечерва на полноќ завршува рокот за поднесување кандидатски листи за советници и кандидатури за градоначалник. До Општинската изборна комисија во Кочани досега се поднесени шест кандидатури за градоначалник и осум советнички листи.

Екипа на Радио Кочани беше вечерва во канцеларијата на Комисијата и разговараше со претседателката Билјана Димовска Гичева.

Во Општинската изборна комисија Кочани кандидатски листи поднесоа група избирачи, меѓу кои се Благица Сабовлевиќ Стоименова, Влатко Здравков и Аки Акиов.

Своето учество на локалните избори го потврдија и политичките партии: „ЗНАМ“, „Левица“, партијата „Граѓанска иницијатива Грин“, „Коалицијата Искуство за успех“, како и најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio