Радио Кочани
Кочани

Во Мородвис вечерва и утре се одбележува манастирската слава на Свети Симеон – Организаторите упатуваат покана до сите верници

3,835

По повод христијанскиот празник посветен на Свети Симеон, утре (недела) во манастирот во село Мородвис, општина Зрновци, ќе се одржи свечена литургија со почеток во 08:00 часот.

Од организацискиот одбор информираат дека се очекува голем број верници да присуствуваат на одбележувањето на манастирската слава.

Од Локалната самоуправа на Зрновци, пак, истакнаа дека патот до манастирот е целосно прооден и уреден за моторни возила, што овозможува непречен пристап за сите посетители.

Веќе вечерва, во очи на празникот, во манастирот се собра солиден број верници, кои со молитва и почит го најавија празничниот ден.

По завршување на утрешната литургијата, ќе биде организирана традиционална манастирска манџа за сите присутни.

 Организаторите ги покануваат сите граѓани кои се во можност да бидат дел од овој значаен духовен настан, кој претставува дел од долгогодишната традиција и културно-верско наследство на жителите на Мородвис и околината.

https://www.facebook.com/share/r/1Hk3fNqiu7/

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio