Радио Кочани
Кочани

Ставен под целосна контрола пожарот во „Макпрогрес Винчини“

1,534

 

Пожарот што избувна вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, е ставен под целосна контрола – информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

При неколкучасовната интервенција на противпожарните екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата, откако во еден од погони им се заглавиле чизмите во смола од стопен шеќер. „При обидот да ги одглават стопалата, чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, изјави Ангелов.

Огнените јазици зафатиле дел од магацините и производствените погони 6, 7 и 8, каде што биле поставени сончеви панели на кровот. Пожарот предизвика значителна материјална штета во компанијата, која е најголем стопански капацитет во Виница.

На терен интервенирале екипите на Противпожарната единица Виница со неколку возила, а помош дале и служби од Кочани, Македонска Каменица, Штип, Пробиштип, Струмица, Кавадарци и Велес. Поради интензитетот на пожарот, жителите од околните куќи стравуваа огнот да не се прошири и кон нивните домови.

„Макпрогрес Винчини“, основана пред 35 години, е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Дури 75% од производството е наменето за извоз, а производите се пласираат на пазарите во 45 земји низ светот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio