Радио Кочани
Кочани

Дваесетина лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ се примени во Општата болница во Кочани

2,183

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот  што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.

Петмина од нив се наоѓаат на хирургија со тоа што четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди.

Други петмина повредени во пожарот во „Макпрогрес“ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод.

Шест други лица веднаш се препратени на Клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите си заминале после укажаната лекарска интервенција.

За ова не информираше Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.

Таа не можеше да прецизира колку од нив се пожарникари, колку  вработени во „Макпрогрес“.

Сите примени во Болницата во Кочани се во стабилна состојба.

Неофицијално од применитево Болницата во Кочани, четврица се кочански пожарникари. Двајца се врабтени во ТППЕ, двајца се делод составот на ДПД. Сите се со лесни изгореници на нозете.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените   погони  6, 7 и 8 .

Според информацијата што нешто подоцна ја добивме од в.д. директорката на Болницата во Кочани, Катерина Мирчовска – Паниќ, во моментов на болничко лекување се задржани само четири лица, останатите се пуштени на домашно лекување. Сите четворица се пожарникари со лесни изгоеници. Двајца се од ТППЕ, двајца се од ДПД.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio