Радио Кочани
Кочани

Во ООУ  „Климент Охридски“- Облешево во тек се финалните градежни активности за подобри услови за учениците и наставниот кадар…

261
Во ООУ  „Климент Охридски“- Облешево, во централното и во подрачните училишта се во тек финалните градежни активности со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.
Работите опфаќаат санација на кровови и фасади, реновирање на училници, поставување нови прозорци и врати, адаптација на санитарни јазли и уредување на спортски простории.
Целта е сите градежни зафати да завршат пред почетокот на учебната година, за на 1 Септември, учениците да го започнат образовниот процес во безбедна, здрава и современа средина. Училиштето ќе продолжи со инвестирање во подобрување на образовната инфраструктура.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio