Радио Кочани
Кочани

Првачињата во Општина Зрновци добиваат ваучер од 3. 000 денари и училишен ранец – одлука донесена едногласно на 57‑та седница

433

 

На денешната 57‑та седница, советниците на Општина Зрновци, со 9 гласа „за“ и ниту еден против, едногласно донесоа одлука дека и оваа година сите првачиња од општината ќе добијат еднократен паричен ваучер во износ од 3 000 денари и училишен ранец, како поттик и поддршка за успешен старт на нивната образовна приказна.

Оваа мерка е дел од позитивната социјална политика насочена кон олеснување на трошоците за семејствата и градење услови за еднаков почеток на образовниот пат за сите деца.

Инаку, овие две мерки се спроведуваат веќе четврта година по ред во Зрновци.

Д. Николов

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio