Радио Кочани
Кочани

„Бистри умови“ и ЗИМ создаваат шампиони со поддршка од в.д градоначалникот Венко Крстевски

234

В.д градоначалникот Венко Крстевски од Кочани ги посети најталентираните млади информатичари од националните тимови, кои овие денови во Хотел „Изгрев“ – Пониква интензивно се подготвуваат за престојните меѓународни олимпијади по информатика.

Во топла и пријателска атмосфера, имаше можност лично да разговара со учениците, да ги слушне нивните предизвици, но и нивните амбиции и соништа за нови успеси. Тој изрази искрена поддршка и восхит за нивниот труд и посветеност, потенцирајќи дека тие се вистинските амбасадори на нашата држава.

Меѓу младите таленти е и кочанскиот гениј Владимир Грчев, кој по четврти пат е дел од државниот тим и достојно ја претставува Македонија на меѓународната информатичка сцена. Неговата истрајност и постојано присуство во националниот состав се пример и инспирација за идните генерации.

Градоначалникот оствари средба и со организаторите на кампот – Здружението „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ, при што беше истакнато значењето на ваквите подготовки и неопходноста од континуирана поддршка.

Овој еднонеделен подготвителен камп, кој се реализира по трет пат во Кочани – оваа година во Хотел „Изгрев“ – Пониква, е организиран со поддршка од  Општина Кочани. Кампот претставува симбол на заедничките напори на локалната самоуправа, наставниците, менторите и самите ученици.

Тој е доказ дека со визија, поддршка и труд, македонските таленти можат да се издигнат високо и да ја направат Македонија препознатлива во светот на информатиката.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio