Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Поликлиника „Д-р Доневски“ одбележува 32 години постоење
Поликлиника „Д-р Доневски“ денес одбележува 32 години успешно работење, следејќи ги светските трендови и напредни технологии во здравството. По тој повод, поликлиниката ја претставува најновата инвестиција – дигиталниот мамограф од најнова генерација HOLOGIC Selenia.

Овој апарат овозможува:
-
висококвалитетен приказ на дојките
-
безболно и удобно искуство за пациентите
-
минимална доза на зрачење, безбедна за пациентите и медицинскиот персонал

Со воведувањето на овој технолошки напредок, Поликлиника „Д-р Доневски“ покрај современиот Кардиолошки дијагностички центар, станува и прв и единствен специјализиран Центар за дојка во регионот и пошироко.
Овој напредок е резултат на континуираната доверба што пациентите ја укажуваат веќе три децении.
Поликлиниката најавува уште многу новини и вложувања, со цел обезбедување врвна здравствена грижа и во иднина.
