Радио Кочани
Кочани

Крстевски: Кочани дише полесно – состојбата со Градската депонија е триумф за животната средина во регионов

700

голема победа за Кочани и Кочанската Котлина состојбата со Градската депонија, која и покрај екстремно високите летни температури летово ниеднаш не се запали.

Депонијата во Кочани која со години ни го труеше воздухот поради лош менаџмент и го загрозуваше нашето загарантирано право на чист воздух, не се запали ниту еднаш. Чистиот воздух е од клучно значење за сите нас, особено за повеќе од 12.000 наши сограѓани кои се соочуваат со респираторни заболувања. Чистиот воздух значи подобро здравје, полесно дишење и подобар квалитет на живот за секој од нив, како и за сите нас – истакнува в. д. градоначалникот.

Крстевски додава дека оваа состојба се должи на напорна работа – депонијата е покриена со земја, а шансите за самозапалување се минимални. Тој нагласи дека ќе ги продолжи ангажманите депонијата никогаш повеќе да не биде закана по здравјето и чистотата на  Кочани, кое заслужува враќање на приматот најчист град.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio